(ВИДЕО) Јанушев: Виница се иселува, власта наместо да го решава тоа се зафати да го менува името, идентитетот, историјата и културата

Од:

Виница е се по празна, власта која ветуваше дека ќе го спречи иселувањето не само што не го реши туку и го забрза, ги слушаме граѓаните како велат дека со оваа власт нема перспектива и дека поради неправдата и криминалот кој се случува во Република Македонија среќата ќе ја бараат далеку од својот дом, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните велат дека Заев ги излажал, ништо од тоа што го ветил не реализирал. Но затоа ја понижувал државата кај ќе стигне, тие не се согласуваат со срамниот договор за Македонија како што велат, со кој се менува името, идентитетот, историјата и културата, додаде Јанушев.

Јанушев потенцира дека договорот е капитулантски и дека во ниту една точка од истиот Македонија не е во предност, нашата држава е оштетена страна во целост.

Тој напомена граѓаните да не се плашат од уцените на власта и да не подлегнуваат на притисоците.

„Власта е исплашена и затоа и се заканува, исплашени се ете гледате Заев бега и од дебата, бега затоа што нема аргументи, нема одговор на прашањата дали не се губи институционалниот идентитет, културата и историјата, знае дека и дава алатка на Грција со Комисијата за ревизија на историјата и културата да не блокира на секој чекор кон ЕУ, затоа се плаши, исплашен е затоа што знае дека потпишал катастрофален договор.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го подржува и нема да го поддржи овој капитулантски договор“, вели Јанушев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ