На синоќешната средба со граѓаните на собир како дел од кампањата „излези ЗА“ лидерот на партијата Движење БЕСА Африм Гаши, повика на позитивна поддршка на референдумот закажан за 30. септември.
Гаши, појаснувајќи делови од договорот околу името со Грција нагласи дека со тој договор, добиваат и Албанците како народ.
– Сo референдумот и со спроведувањето на „Преспанскиот договор“ Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија и со тоа таа влегува групата на мултиетнички држави. Таа досега беше земја само на еден народ. Со новото име не се идентификува само еден народ туку ќе добиеме држава во која живеаат повеќе народи. Тоа на Албанците им отвора една нова страница за функционирање, како во државата, така вон неа и интегрирање во две многу важни институции ЕУ и НАТО, рече Гаши.
Од сцената во Ценатарот за култура АСНОМ, се обрати и министерот за култура Асаф Адеми кој барајќи ја поддршката за претстојниот референдум ја нагласи и поддршката на околните земји.
– Членството во ЕУ и НАТО може да се случи само со позитивен исход на референдумот. И тоа е факт. Ова ни кажаа канцеларката на Германија, претседателите на Албанија и Косово и други странски дипломати кои допатуваа во земјава. Ние не бараме членство ЕУ и НАТО некогаш туку тоа да биде во најкус можен рок. Со зачленувањето во овие организации, ние ќе го запреме заминувањето на младите, подвлече министерот Адеми.