18-годишниот Јосип Фрањковиќ, студент на информатичка технологија направи „бум“, откривајќи седум грешки на пребарувачот „Гугл“ и една на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Неговото име сега се наоѓа на престижните листи на „Гугл хал оф фејм“ и „Фејсбук уајт хет“.
ИТ светот минатите денови „го протресе“ младиот хрват, чие знаење и труд го препознаа и наградија два познати бренда на интернетот,„Гугл“ и „Фејсбук“.
Фрањковиќ веќе три години работи на утврдување на грешки на сигурносните системи на познати пребарувачи.
– Во „Гугл“ пронајдов седум грешки од кои шест беа од видот „Крос сајт скриптинг“.Со помош на него можам да работам се што може и корисникот, да праќам пораки, постирам, открива хрватскиот студент.
Јосип додаде дека открил начин да ги избрише резултатите од анкетите кои што се спроведуваат на „Гугл“, како и дека открил една мала грешка која се случува само во посебни околности која ги открива приватните податоци на луѓето.
Меѓутоа, тоа не е крај на активностите на младиот Фрањковиќ. Тој со колегите од факултетот започна услуга за проверка на сигурносните грешки на веб сајтовите.
Иако веќе има бројни понуди од компании за работа,тој размислува за ангажман во странство.