Амбасадорот Бејли на средба со градоначалникот на Охрид Стојанонски

Од:

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски синоќа остварил средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

Како што се наведува во соопштението од Општина Охрид, на средбата била потенцирана добрата соработка, притоа како премиер посочен конзерваторискиот проект на црквата Свети Богородица – Перивлепта што целосно беше финансиран од Американската амбасада.

Од страна на градоначалникот на Охрид на гостинот му биле посочени заложбите на Локалната самоуправа за одржлив развој во туризмот во кој спаѓа и урбаното планирање според препораките на УНЕСКО.

Градоначалникот Стојаноски и амбасадорот Бејли согласни за потреба од поинтензивна прекугранична соработка со Поградец, Албанија, односно да се изработуваат проекти што го опфаќаат Охридското Езеро во целина. Градоначалникот Стојаноски на средбата уште информирал дека во тек е постапка за одвојување на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од МЈП „Проаква“, по што државата ќе го преземе одржувањето, реконструкцијата и доизградбата на колекторскиот систем.

На крајот од средбата градоначалникот Стојаноски изразил благодарност до амбасадорот Бејли за севкупната поддршка што САД ја даваат на Република Македонија, но и за поддршката што амбасадорот ја дава кон државата, а особено кон градот Охрид.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство