Зголемена наплатата на вода кај физички лица во Крива Паланка

Од:

Наплатата на вода за пиење кај физички лица на подрачјето на Крива Паланка е зголемена за околу четири отсто заклучно со месец август 2018 година, споредено со претходната година, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка.

Според директорот, Миле Марковски, според статистиките од сите 12 месеци од претходната година споредено со првите два квартали од годинава се пониски по однос на наплата кај физички лица и изнесувале 75.3 отсто, додека во првите осум месеци од 2018 истите бележат раст од 4 отсто и изнесуваат 79.3 отсто.

– Наплатата пак, кај правни лица-фирми и правни лица-институции е пониска во однос на 2017 година и изнесува 65 отсто, додека лани биле реализирани околу 68 отсто од издадените сметки за вода кај правни лица-фирми. Кај институциите падот е ва четири отсто споредено со лани, но со напомена дека, минатогодишните бројки се однесуваат на цела година. Очекувам, со оглед на тоа дека уште четири месеци ќе се ажурираат сите потрошувачи, оти наплатата ќе се реализира во поголем процент, изјави Марковски.

По однос на заостанати долгови на корисници на услуги на ЈП „Комуналец“, посочи дека има должници ушште од 2010 година.

– На сите потрошувачи на вода кои имаат заостанати долгови им овозможуваме, договорно, согласно нивните можности, да извршат уплата на рати, но и да ги одржуваат тековно сметките, за да не им доспеат повторно долговите. Ова се прави во договор со граѓаните, за да бидат задоволни и двете страни, додаде Марковски.

Рече дека на должниците кои и покрај повиците не се одзиваат на поканите да пристапат кон плаќање на рати, од претпријатието им се доставуваат опомени пред исклучување.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид