Полска најави дека ќе ги блокира санкциите на ЕУ кон Унгарија

Од:

Полското Министерство за надворешни работи најави дека ќе застане во одбрана на Унгарија, доколку во Европскиот совет се гласа за санкции кон Унгарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Секоја земја има суверено право да ги прави реформите кои смета дека се потребни. Акции против земји членки служат само за дополнително продлабочување на поделбите во ЕУ и зголемување на недовербата на граѓаните во институциите, порача полското Министерство.

Европскиот парламент вчера гласаше за активирање на членот 7 од Повелбата на ЕУ против Унгарија, односно за суспензија на правото на глас на земјата во Европскиот совет поради нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности.

Полска е исто така под лупа на европските институции поради мешање во независноста на судството и на медиумите.

За да се активира членот 7 и да се суспендира правото на глас на земја членка во Европскиот совет, освен двотретинско мнозинство во Европскиот парламент, потребна е и едногласна поддршка од сите останати земји членки на ЕУ.

Уште од претходно беше извесно дека Полска ќе блокира секаков обид во Советот за „нуклеарната опција“ против Унгарија.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ