А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев од Крива Паланка: Народот секогаш носел мудри одлуки

by А1он12/09/2018 - 20:5012/09/2018 - 20:50338
Share0

„Здружени сме сите, затоа што се работи за иднината на Македонија. Перспективите се во ЕУ и НАТО“, рече премиерот Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Заедно сме бидејки знае бизнисот дека се отвораат европски пазари. И во малите дуќанчиња знаат дека ќе има повеќе промет, штом граѓаните имаат повеќе пари. И спортистите целат кон Европа. И синдикатите знаат дека ќе се унапредат работничките права и ќе има поголеми плати. Ако народот има пари и економијата во државата ќе расте додаде претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој рече дека престојниот референдум и предреферендумската атмосфера покажуваат дека живееме во демократија што го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Штом Македонија тоа го има обезбедено, ќе чекориме по вистинскиот пат, па колку некој да не е одлучен и да не кажува ставови. А мора да кажува. Имаме народ што секогаш носел мудри одлуки, рече премиерот Заев.

Тој ги повика граѓаните да се гордеат со постигнатото со договорот од Преспа што осигурува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.

– Ја остваривме вековната определба, да сте горди, држава признаена од цел свет, со потврден идентитет, во која што живее македонски народ, што зборува потврден македонски јазик. Тоа го направивме со памет и со љубов, ова е огромна придобивка, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој посочи на поддршката што ја има и ја добива Македонија од целиот свет.

– Доаѓа цел свет да го потврди тоа што го правиме, тоа е европско однесување, да бидете горди и со Македонија и со иднината на Македонија. Утре сум во Стразбур, во ЕП ќе зборувам за перспективите на Македонија, а земјата сеуште не е членка на ЕУ, додаде премиерот Заев.

– Ќе и покажеме на Европа и дека има граѓани и земји коишто имаат и успешни референдуми. Затоа што убеден сум дека на 30. септември ќе гласаме за европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.

dpmnereferendum

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:56

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео