Блок: Референдумот е демократски процес, граѓаните ќе го донесат единственото решение за земјата

Од:

Договорот од Преспа е чувствителен компромис, но решавањето на ова прашање ги отвора вратите кон подобра иднина на Македонија, и тоа зависи од сите политички актери, вклучително и опозицијата. Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија Штеф Блок по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Истакна дека е охрабрен од исклучителниот напредок што Македонија го постигна во кус период, и оти сега претстои да се види напредокот во спроведувањето на законодавните пакети, реформите во правосудството, разузнавачките служби и јавната администрација.

– Преку една длабока и тешка политичка криза и честитаме на Македонија за напредокот што го постигна во еден таков кус период и што ја врати земјата на реформскиот пат. Договорот со Грција за прашањето со името е огромен историски чекор, со кој политичките лидери на Македонија и Грција покажаа храброст и лидерство да го затворат овој долгорочен спор, рече Блок.

Тоа, посочи, доведе до покана за членство во НАТО, што покажува дека добра волја и храброст можат да решат долгорочни прашања, да го зајакнат мирот и стабилноста и да го започнат реформскиот процес заснован на вредности.

– Холандија ја поддржува и перспективата за членство во ЕУ на Македонија. Нашата политика е строга но фер, кога земјата ќе ги исполни предусловите ќе го поддржиме пристапниот процес за ЕУ во јуни 2019 година, рече Блок.

Посочи дека земјава направила храбри и важни чекори напред кои не се лесни на кус рок, на долг рок ќе донесат напредок и благосостојба за земјава.

Додаде дека Холандија ќе продолжи да биде партнер на Македонија, посочувајќи оти Холандија досега како надворешен инвеститор има вложено над 250 милиони евра во земјава.

Димитров од своја страна се заблагодари за постојаната поддршка што Холандија ја пружа на Македонија, посочувајќи дека оваа година се одбележуваат 25 години од дипломатските односи со Холандија, со која земјава има традиционално пријателство.

– Холандија има политика на стрикно и фер во однос на процесот на пристапување во ЕУ, ние ја поддржуваме оваа политика бидејќи наша цел е не само да станеме членка, туку и да ја направиме нашата држава европска, рече Димитров.

Тоа, рече ќе го ќе го постигнеме преку реформите, во правосудството, борбата против корупцијата, и оти начинот на кој ќе го направиме тоа е поважно од тоа кога ќе станеме членка на ЕУ.

Шефот на дипломатијата додаде оти со холандскиот колега разговарале и за претстојниот референдум, што, како што рече Димитров е историска раскрсница за државата.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи