Без струја делови од Петровец, Аеродром и Центар

Од:

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, наместа ќе има прекин на електричната енергија.

Од „ЕВН“ соопштија дека корисниците од селата Петровец и Ржаничино од 8:20 до 14:30 часот ќе останат без струја, а жителите на селата Миладиновци, Текија и Дељадровци од 8:25 до 14:30 часот.

Во Општина Аеродром, од 8:30 часот до 10:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Тодор Чангов“, „Ѓорѓи Капчев“ и „Божин Николов“, а од 11:00 до 15:30 струјата ќе биде изгасена на дел од улицата „Тодор Чангов“, односно во делот кон реката Вардар по главната улица и подулиците со броеви над бр. „46“. Исто така и корисниците од улиците „Атанас Митрев“ и „Венјамин Мачуковски“ ќе имаат прекин на електрична енергија од 10:00 до 12:00 часот.

Дел од улицата „Македонија“, поточно зградата „Палата Македонија“ во Општина Центар од 8:00 до 11:00 ќе има прекин на струјата.

Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна Матка и Горна Матка ќе бидат без електрична енергија.

Корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат без струја, а во дел од село Голиево ќе биде исклучена електричната енергија од 10:00 до 12:00 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош