Амбасадорот Џес Бејли отвори Центар за млади во Гостивар

Од:

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли предаде во употреба Центар за млади и заедницата (Youth and Community Centеr) во Гостивар и порача дека од денес младите гостиварци ќе имаат место во кое ќе ги унапредуваат меѓусебните односи.

На пригодната свеченост по повод отварањето беа претставени дел од активностите кои почнаа да се спроведуваат во овој центар. Амбасадорот Бејли ја истакна мултикултурата на Гостивар како предност и порача таа да се негува.

– Отворањето дојде многу побрзо отколку што сите ние се надевавме. Тоа е и затоа што имаше одлична соработка со Општината Гостивар, со градоначалникот, со бизнис-секторот и многу други кои ја обезбедија својата поддршка и овозможија целата заедница да се спои. Овој проект се занимава со потребите коишто веќе ги слушнавме, потребите на младината. Ова е место каде што луѓето се среќаваат и разговараат, лице в лице, а не онлајн, на мрежите. Затоа сметам дека ова е навистина моќна предност што ќе им помогне на младите луѓе да се разбираат меѓу себе, рече амбасадорот Бејли во обраќањето.

Новоотворениот Центар за млади има за цел да ѝ помага на младата популација во професионалниот и личен развој. Во него ќе се спроведуваат проекти за поддршка за градење кариера, претприемништво и разни креативни, културни настани и воннаставни активности за учениците. Функционирањето на ценатрот е финансиски поддржано од Амбасдата на САД во Македонија.

Амбасадорот Бејли при посетата на Гостивар имаше и едночасовна средба со градоначалникот Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски