Фенати ја загуби лиценцата по инцидентот на „Мизано“

Од:

Мотоциклистот Романо Фенати ја изгуби својата лиценца од Италијанската мотоциклистичка федерација по грубиот инцидент што ги направи за време на трката за Гран При на Сан Марино во класата Mото2. На него му беше забрането да учествува на било какви натпреварувања за мотоцикли во неговата татковина.

Дваесет и две-годишниот Фенати ги фати сопирачките на својот конкурент Стефано Манци при брзина од 200 км / ч. Тој беше дисквалификуван веднаш од трката и доби забрана за возење во следните два круга. Тој, сепак, го загуби своето место во тимот, откако соопштија дека неговите постапки се апсолутно неприфатливи за натпреварување од ваков ранг.

Фенати се извини јавно, а италијанската федерација ќе го разгледува неговиот случај на 14-ти септември. Потегот на Фенити на „Мизано“ не е првиот од сличен вид. Пред две години, тој беше протеран од Академијата на Валентино Роси за неговата недисциплина.

Би можело да ве интересира

Официјално – Од следната сезона без Сузуки во Мото ГП шампионатот

Крај на една ера: „Харли-Дејвидсон“ го најави првиот целосно свој електричен мотор

Жарко Настоски

Бузалковски со тежок пад и повреда успеа да дојде до втората Македонска титула

Ландов

16-годишно момче од Јурумлери загина, тројца тинејџери тешко повредени во судир на мотори во Кадино

Жарко Настоски

Полицијата казнила четворица тркачи со мотори од скопските улици

Жарко Настоски

Полицијата казнила 97 кумановски моторџии за два и пол месеци

Жарко Настоски