Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Од:

Методологијата на Светската здравствена организација (СЗО) за цените на цигарите ширум светот покажа дека брендовите кои ги пушат Македонци се најевтини во регионот.

Податоците се објавени од страна на NНУМБЕА, центар кој ги споредува трошоците за живот во сите земји.

Според тие извори, Македонците најмалку плаќаат за кутија цигари – 1,95 евра, додека најскапи се во Хрватска (3,50 евра). Во Србија и Босна и Херцеговина, цената изнесува од 2,40 до 2,60 евра. Во Албанија чини 2.37 евра, а во Бугарија 2.81 евро.

Најскапи во Европа се цигарите во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, со цени во опсег од 10,32 до 11,54 евра, пренесува Б92.

Најскапи цигари во светот пушат Австралијците, каде една кутија чини повеќе од 17 евра.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

A1on

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци