Путин: Воената соработка со Кина се развива во духот на меѓусебна доверба

Од:

Одбранбената соработка меѓу Русија и Кина се одвива во духот на доверба, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Владивосток.

Путни нагласи дека Русија денеска ги отпочнува воените вежби „Восток 2018“ со дури 300.000 војници, а на кои учествуваат и кинески и монголски единици.

Вежбите кои се одржуваат во источен Сибир ќе траат до 17 септември. Руската армија соопшти дека маневрите се слични на воените вежби „Запад 81“ од пред 40-тина години, кога меѓу 100 и 150 илјади војнции на тогашниот Варшавски пакт спроведуваа воени вежби во источна Европа.

Би можело да ве интересира

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ