Претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин денеска ги повика Пјонгјанг и Вашингтон да преземат храбри чекори за да се стави крај на кризата околу севернокорејската нуклеарна програма и се понуди да биде посредник во нивните контакти.
Мун, кој оваа година трипати се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повика на траен мир на Корејскиот Полуостров со уништување на нуклеарното оружје.
– Северна Кореја треба да го уништи своето нуклеарно оружје, а САД да преземат соодветни чекори да возвратат на тој потег. Во овој процес, двете земји треба да ја надминат длабоко вкоренетата меѓусебна недоверба, изјави Мун.