ЕРС: ЕУ не се бори доволно против загадувањето на воздухот

Од:

ЕУ не го штити доволно здравјето на своите граѓани, се наведува во заклучокот на последниот извештај на Европскиот ревизорски суд (ЕРС) за опасноста од загадувањето на воздухот во земјите членки на Унијата.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, ЕРС смета дека поставените норми и регулативи во Европската Унија не „се доволно изискателни и амбициозни“ за она што ЕРС го нарекува „најголемиот ризик од животната средина за здравјето на Европејците“.

Една од причините зашто ЕУ не се бори доволно ефикасно против овој феномен, според ЕРС, е тоа што европските норми се „застарени“ и датираат од пред десет до петнаесет години. Затоа европски норми се пониски од нормите поставени од страна на Светската здравствена организација (СЗО).

Па така, на пример, прагот за ПМ10 честичките во ЕУ од 40 микрограми на метар кубен е двојно повисок од оној на СЗО од 20 микрограми. Разликата е уште поголема за ПМ2,5 честичките, каде прагот во ЕУ е 25 микрограми, а според СЗО – 10 микрограми.

Истото важи и за прагот на сулфур диоксидот, чиј праг во ЕУ е дури шест пати повисок од оној на СЗО.

Токму поради овие „превисоки“ прагови ЕУ презела мерки само против Бугарија од сите 28 земји членки, се наведува во извештајот.

Ревизорскиот суд во своите препораки бара ЕУ да постави „многу постриктни“ граници и да ги усогласи со оние на СЗО до 2022 година.

Судот потсетува дека слична препорака била дадена и пред пет години но дека европските институции не презеле никакви чекори.

Извештајот исто така алармира дека загадувањето на воздухот не се мери на адекватен начин и дека најверојатно е потценет во повеќето европски градови. ЕРС сам го мерел степенот на загаденост на терен во повеќе градови, меѓу кои и во Брисел, Софија, Краков и Милано.

При тоа е заклучено дека мерните станици најчесто не се наоѓаат на виситнските места, па така во Софија нити една мерна станица не ја мери загаденоста од индустриска природа иако во градот има повеќе фабрики и електрични централи.

ЕРС забележува и дека ЕУ не успева да ги натера земјите членки да ги почитуваат и постоечките норми.

Друг проблем е исто така што европските фондови не се насочени како што треба, наведува ЕРС посочувајќи ја одново како пример Софија каде фондовите на ЕУ не биле насочени за проекти наменети за индивидуалното парно греење, кое е главен извор на загадувањето на воздухот во градот.

Авторите на извештајот бараат од ЕУ борбата против загадувањето на воздухот да стане приоритет и да се зголеми стапката на структурни фондови наменети за оваа цел, бидејќи за сега само еден отсто од овие фондови се предвидени за оваа борба.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза