Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за тешка кражба и помагање

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин и Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело „помагање“ и едно кривично дело „лажно пријавување“ на кривично дело по член 366 в.в кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000,00 денари.

Како што денеска соопшти МВР, на 05 септември годинава околу 09,30 часот првопријавениот извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин во спортската обложувалница лоцирана на улица „Маџари“ во Скопје. Кривичното дело го извршил на тој начин што, по претходен договор со второпријавената, со договорена закана со огнено оружје ја присилил да му ги даде парите од сефот од обложувалницата. Истото го извршил со цел да го прикрие долгот на парични средства кои претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на парични средства кои уплати ги извршила Ј.Б., вработена во обложувалницата.

Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила истиот да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да и ги побара паричните средства од касата, а се со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства.

Двете лица се приведени во Полициска станица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски