Црвениот крст организира симулација на сообраќајна несреќа во Скопје

Од:

По повод Светскиот ден по Прва помош – 8 Септември Црвен крст на Град Скопје денеска на „Рекорд“ во централното градско подрачје во Скопје ќе организира симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа.

Вежбата Црвениот крст на Град Скопје ќе ја организира во соработка со МВР – СВР Скопје, а ќе учествуваат сите општински организации од Скопје, стручната служба на Црвен крст на Град Скопје, 30 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи како и Мобилни тимови на Црвен крст.

Ќе се симулира сообраќајна несреќа, во која ќе учествуваат две возила и велосипед и во која шест лица ќе бидат повредени. Ќе бидат користени звучци и чад за граѓаните да добијат пореална слика. За време на вежбата ќе се користи и амбулантно возило на Црвен крст на град Скопје.

Оваа година темата на Светскиот ден за Првата помош е: „Прв одговор при сообраќајни несреќи”. Според податоците на Црвениот крст, секој ден околу 3.500 луѓе ги губат животите, а стотици илјади се повредени и тоа најчесто со трајни последици. Доколку не биде укажана навремена прва помош многу од тешко повредените лица не преживуваат во сообраќајните несреќи.

Затоа од Црвениот крст апелираат за подигнување на јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да ги препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Србин е осомничен за тешката сообраќајка со смртни последици која се случи кај Валандово

Горан Наумовски

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

Во сообраќајка загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени

Горан Наумовски