Либерална партија: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат Македонија кон НАТО и ЕУ

Од:

Свесни за предизвиците при имплементацијата на преспанскиот договор, но и за потребните чекори за остварување на националните стратешки цели, Либералната партија сака да даде придонес кон донесувањето на тешката, но правилна одлука за сегашноста и иднината на државата и граѓаните низ позитивно изјаснување на референдумот, се вели во соопштението на Либералната партија.

„По опсежни консултации, Извршниот комитет на Либералната партија одлучи да ги повика граѓаните да ја искористат можноста на 30 септември да го поддржат патот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ. Немаме дилема дека убедлива волја на македонските граѓани од сите припадности е земјата да биде членка на овие два сојузи. Либералната партија цела деценија предупредуваше дека оваа одлука треба да се донесе низ институциите, без поделбите што неминовно ги предизвикува референдумскиот процес дизајниран од Груевски за избегнување на одговорноста од политичко водење и одлучување. Но, во вакви околности никому не му е сеедно и ниту еден политички субјект ниту поединец не може да остане без став“ велат од Либералната партија.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска