Активирај се – за почист Карпош

Од:

„Општина Карпош се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на чистење – 15 септември. Станува збор за глобална акција во која се вклучуваат милиони волонтери, граѓани и општествено одговорни субјекти од 150 земји. Оваа година, локалната самоуправа ќе спроведе акција за темелно чистење на целата Општина. Покрај комуналните служби, кон акцијата ќе се приклучи и општинската администрација, општинското раководство и членовите на Советот на Општина Карпош“, велат од Општината.

Општина Карпош ги повикува и сите граѓани, организации, компании и општествено одговорни субјекти да се приклучат кон оваа еколошка акцијата за почист Карпош.

На 15 – ти септември, со почеток во 09:00 часот, сите заинтересирани граѓани ќе може да се приклучат на некои од следниве собирни места – пунктови:

 Карпош 1 и Карпош 2 (собирно место кај Полициска станица – Карпош, ул. “Иван Аговски”);
 Карпош 3 и Карпош 4 (позади Skopje City Mall на ул. “Манапо”);
 Влае 2 (кај спортските игралишта – до мостот “Обединети нации”);
 Нерези (кај автобуската постојка на послецна 57 – ца);
 Тафталиџе 2 (кај основното училиште “Братство”, ул. “Московска” б.б.);
 Тафталиџе 1 (кај основното училиште “Јан Амос Коменски”, ул. “Варшавска” бр.23);
 Козле (кај основното училиште „Владо Тасевски”, ул. “Миле Поп Јорданов” бр.74);
 Платото на Млечен (кај Ли кафе);
 Кеј на Вардар (на патеката под х.Александар Палас).

Општина Карпош ќе обезбеди соодветна опрема за чистење за сите граѓани кои ќе учествуваат во оваа акција (ракавици и кеси за отпад).

Заедно да дадеме конкретен придонес во заштитата на животната средина и грижата за локалната заедница, како и да ја подигнеме јавната свест на едно повисоко ниво, соопштуваат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира