Објавен четвртиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“

Од:

Објавен е четвртиот број на публикацијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) „Новинарството како јавно добро“.

Во овој број, покрај феноменот на „лажните вести“, обработена е и тема за новинарско образование.
Дел од публикацијата се анализите „Образованието – заштитен панцир во битката со лажни вести“ на Христина Беловска и „Дали владите треба да ги субвенционираат информативните медиуми“ на Пол Клеменс Мурсец објавен на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство, интервјуто со долгогодишниот новинар, уредник и предавач на Институтот за комуникациски студии, Зоран Димитровски со налсов „Критичкиот дискуср најмногу недостига во образованието на новинарите.

Може да се прочита текстот „Ботовите се дирелтна закана за новинарството – блог на Ана Сиу за Меѓународната новинарска мрежа во кој нуди низа алатки за откривање лажни профили на социјалните мрежи и истражувањето „Успешни медиуми ќе бидат оние кои ќе се откажат од новинарските догми на минатиот век“ изработено од двајца дански новинари за иновации во новинарството и за предизвиците со кои се соочува професионалното новинарство

Публикацијата е достапна на линкот:
https://ssnm.org.mk/wp-content/uploads/2018/09/Publikacija_Novinarstvoto_kako_javno_dobro_SSNM_br_4_septemvri_2018.pdf

Публикацијата е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ кој ССНМ го спроведува заедно со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute, а е поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува