ЕК бара недвосмисленост на Белград околу Милошевиќ

Од:

Европската комисија денеска побара „недвосмисленост од Србија“ во врска со вчерашните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косово за „ликот и делото на Слободан Милошевиќ“.

– Помирувањето, нормализацијата и добрососедските односи ќе бидат возможни само ако се отфрлат и надминат политиките од минатото кои донесоа декада мизерија и страдање за Западниот Балкан и неговите народи, изјави портпаролката на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.

Таа додаде дека „не смее да се остави простор за двосмисленост и пофалби за оние кои ги спроведуваа тие политики“.

– Помирувањето и добососедските односи се суштината на она за што се бори ЕУ и сите партнери кои имаат европска перспектива мораат да ги почитуваат овие принципи, нагласи Коцијанчич.

Таа при тоа го цитираше претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер кој викендов изјави дека национализмот никогаш не решил ниеден проблем, туку само ги создавал.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он