„Беса“ со поддршка за претстојниот референдум

Од:

Движењето „Беса“ денеска на прес-конференција најави дека ќе го поддржи претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

– Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето, додека едно од нашите ветувања е дека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени е дека ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население барањето за прецизно утврдување на терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански” и „албански јазик”, изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е „ДА за НАТО и ЕУ како албанец, а не како процент”. Во следните 20 дена планираат да одржат средби со граѓани на кои ќе ги презентираат придобивките од влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

На прес-конференцијата беа промовирани членовите на Централниот штаб, а портпароли се Арбен Зибери и Елмедин Мемиши.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски