ЕК: Македонските граѓани да гласаат на референдумот без мешања од надвор

Од:

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува граѓаните во Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања, јави дописничката на МИА од Брисел.

– ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив да одлучат да иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено тоа да го направат без надворешно мешање, изјави Коцијанчич.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ЕК и помага на Македонија да се бори против можни лажни вести од надворешни фактори и мешања во кампањата, Коцијанчич порача дека европските служби ги споделуваат своите најдобри пракси во оваа област со нејзините партнери, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.

Би можело да ве интересира

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Мицкоски: Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Талат Џафери, референдум мора да има

Катерина Ѓуровски