САД ја затвораат палестинската мисија во Вашингтон

Од:

САД го информирале палестинското раководство за одлуката да ја затворат палестинската мисија во Вашингтон, соопшти денеска високиот палестински претставник Саеб Еракат, кој ја осуди „опасната ескалација” на американските одмазднички мерки.

Тоа е последната одлука од серијата мерки преземени од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп против палестинското раководство, кое ги замрзне односите со американските официјални лица откакои САД во декември 2017 година го призна Ерусалим за главен град на Израел.

– Американски службеник не извести за одлуката за затворање на палестинската мисија во САД, изјави вториот по ранг човек во Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО).

– Станува збор за нова илустрација на казнената политика која ја користи администрацијата на Трамп против палестинскиот народ, со која веќе е скратена финансиската помош за хуманитарни активности, вклучително и во секторите на здравството и образованието, рече тој.

– Оваа опасна ескалација јасно покажува дека САД се обидуваат да го уништат меѓународниот систем за да ги прикријат израелските злосторства, додаде Еракат.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште