Водоснабдителните системи во Гевгелија обезбедуваат 315 литри вода за пиење во секунда

Од:

Водоснабдителните системи на територијата на општина Гевгелија моментно обезбедуваат 315 литри вода за пиење во секунда. Од јавното комунално претпријатие велат дека со ова количество вода и во најтоплите летни денови се задоволува потрошувачката на вода за пиење во градот Гевгелија и поголемите населени места во општината.

– Во функција се вкупно 13 водоснабдителни системи преку кои го обезбедуваме споменатото количество вода за пиење. Најмногу бунари има во Гевгелија од кои четири во бунарското подречје Моин и еден во регионот на реката Вардар од кои се обезбедуваат 250 литри вода за пиење во секунда. Останатите количества вода за пиење ги обезбедуваме преку бунарите и каптажите лоцирани во Миравци, Смоквица, Прдејци и Негорци, велат од гевгелиски комуналец.

Од општината посочија дека локалната самоуправа има интенции и понатаму да го подобрува водоснабдувањето со изградба на нови системи и во помалите населени места.

Во Гевгелија заради подобрување на квалитетот на водата за пиење во најскоро време ќе проработи новиот водоснабдителен ситем кој ќе обезбеди дополнителни 250 литри вода за пиење во секунда што ќе значи долгорочно решавање на водоснабдувањето во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството