Кривична пријава против полициски службеник за нечовечко постапување

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Т.Д. (45) од Полициската станица Штип и Љ.А. (52) сопственик на приватна фирма поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

На 19–ти овој месец, околу 18:15 часот, во службена просторија во Полициската станица од општа надлежност Штип, Т.Д. при преземање службени активности во  својство на униформиран полициски службеник и Љ.А. со употреба на сила и закана се обиделе да го присилат Х.Г. од штипското село Козјак да се откаже од претходно поднесена пријава за  физички напад врз него, извршен од страна на В.Б., градоначалник  на општина Карбинци.

Веднаш по настанот, од командирот на ПС од ОН Штип, добиено е телефонско известување дека при пријавување физички напад од страна на граѓанинот Х.Г. кај полицаецот за прифат, тој бил повикан во друга канцеларија од полицискиот службеник Т.Д. По кратко време, од канцеларијата во која биле присутни и В.Б., градоначалник на општина Карбинци, Љ.А. директор на фирмата „Дрво Декор“, и полицискиот службеник Д.Т., оштетениот Х.Г. почнал да вика и да бара помош. При обидот да влезат во просторијата, останатите полициски службеници биле спречени, но по известувањето  на командирот и на негова наредба, Гигов е предаден на полицаецот за прифат. По ова, Х.Г. пријавил дека од страна на полицискиот службеник Т.Д. и од лицето Љ.А. бил тепан, со удари со нозете по телото, за да ја повлече веќе поднесената пријава за физички напад против В.Б.

За целосно расчистување на настанот во натамошните активности се вклучи и СВКПС, при што од извршениот увид во евиденциите и документацијата на полициската станица и од разговорите со полициските службеници кои за време на настанот биле во ПС, во целост се потврдени наводите во пријавата.

Покрај кривичната пријава, СВКПС изрече задолжителна мерка до Началникот на СВР-Штип, против полицискиот службеник Т.Д., согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, да поднесе предлог за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност и до завршување на постапката Т.Д. да биде отстранет од работното место и од Министерството. Истовремено, изречена е и задолжителна мерка, поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност до надлежната Комисија и против полицискиот службеник Д.Т., со оглед дека бил присутен во канцеларијата, но не презел мерки за заштита на граѓанинот Х.Г.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он