Се разведува Борис Џонсон

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон се разведува од сопругата Марина Вилер со која беше во брак 25 години.

Двајцата во заедничкото соопштение наведуваат дека веќе извесен период живеат раздвоени и дека неодамна бил покренат процес за развод. Според британските медиуми, причината за разводот е ново во серијата неверства на Борис, кој досега неколку пати се разделуваше од сопругата за подоцна да се помират.

– По 25 години брак, пред неколку месеци одлучивме дека е најдобро да се разидеме. Се договориме да се разведеме и овој процес е во тек. Како пријатели ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите четири деца, стои во соопштението на Џонсон и Вилер.

Тие потенцираат дека во иднина нема да ги коментираат информациите за овој случај.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари