Скопскиот „татко“ во изборната програма во делот „Мониторинг на воздухот во Скопје“, ветил:
„Со помош на тим од областа на животната средина, најдоцна од март 2010 година, градот Скопје континуирано ќе врши мониторинг на загаденоста на воздухот на одделни пунктови“.
Порталот „Курир“ на 12.12.2012 ја пренесе следната информација:
„Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски потсети дека Град Скопје не е надлежен за мониторин на воздухот во главниот град. ..Тој рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има надлежност за мониторинг на воздухот“.
Ова е дел од истражувањето на Проектот на „Метаморфозис“:
vistinomer #Недоследно: Коце Трајановски во 2009 најавил мониторинг на загадувањето на воздухот, а не бил надлежен за тоа pic.twitter.com/zhR3QGe6, вакви се главно коментарите на информацијата.
„Вистиномер“ врши анализа на предизборните програми на политичките партии, преку која граѓаните имаат можност да дојдат до информации за активностите и резултатите кои се произлезени од партијата за која гласале, откако ќе дојде на власт.
„Вистиномер“ врши анализа на исполнетоста на предизборните ветувања и на вистинитоста во изјавите дадени од страна на политичарите.
Основна намена на Вистиномер.мк е да го зголеми знаењето на граѓаните, медиумите, невладините организации, но и на партиите и нивните членови кои преку него имаат прилика да се запознаат и со низа аспекти на политичкиот процес од Македонија.