Османи: Очекувам успешен референдумот, граѓаните ја сфатија сериозноста

Од:

Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во проширување на ЕУ има фундаментално значење за успешност на процесот, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со сенатор во францускиот Сенат и претставник на француските државјани кои живеат надвор од Франција Оливие Кадик.

Како што соопштија од СЕП, Османи на средбата потенцирал дека земјите од Западен Балкан и Европската Унија заеднички тежнеат кон постабилна и побезбедна Европа во целина, при што не само Македонија туку и земјите од регионот ги поддржуваат заложбите на Франција за покохезивна, функционална и поодржлива ЕУ.

На средбата биле отворени темите поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, особено подготовката на тимот и структурата за преговори, како и за предизвиците поврзани со имплементацијата на Договорот од Преспа и претстојниот референдум.

Посетата на Кадик, Османи ја оцени како потврда за интересот и посветеноста на Франција во поддршката на евроатлантските аспирации на нашата земја.

Османи го информирал гостинот од Франција дека очекува успешност на референдумот и дека граѓаните ја сфатиле сериозноста на оваа одлука и воедно очекува зрело однесување од сите политички претставници во земјата, кои нема да ја пропуштат оваа неповторлива шанса за да ѝ помогнат на сопствената земја и на сопствените граѓани.

Би можело да ве интересира

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром