(ВИДЕО) Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, рече дека повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање свесна забуна кај граѓаните бидејќи, како што кажал, со него се прикрива вистинската содржина за тоа што треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.

На средбата Мицкоски истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција затоа што истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

„Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија“, истакнал Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подвлекол дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешки државен интерес и дека неговата партија е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската народна партија како сестринска партија во рамките на Европската народна партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела