(ВИДЕО) Заев: Посетата на Курц пред референдумот е порака дека Македонија се врати на вистинскиот пат

Од:

Посетата на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, значи дека Македонија се вратила на европскиот пат, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција.

Заев го повтори ставот дека е убеден дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

„Вашата посета е силен поттик за нас во пресрет на референдумот кога граѓаните ќе ја изберат иднината. Ќе го дадат за својот глас за Договорот со Грција со кој ни се гарантира местото во ЕУ и НАТО. Вашата посета значи дека Македонија се врати на европскиот пат. Презедовме лидерство, покажавме храброст. Остваривме напредок во реформите, а тоа е препознаено. Пристигна датумот за преговори со ЕУ и поканатa во НАТО. Австрија ја вбројуваме во најзначајните економски партнери и еден од најголемите инвеститори во нашата земјта“, рече Заев и лично му се заблагодари на канцеларот Курц за австриската поддршка.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски