На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт.
Диригент на претставата е Алесандро Д Агостини од Италија, а режијата е на Лев Пуљезе. За сценографијата се погрижи Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Олга Панго.
Дон Џовани е опера во два чина по музика на Моцарт и по либрето на Лоренцо Да Понте. Операта премиерно е изведена на 29 октомври 1787 година на сцената на Естатес театарот во Прага.