Штипски „Исар“ работи на водоводни и канализациски мрежи во две населби

Од:

Во штипската населба „Дузлачки рид“ се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на 50 домаќинства од улицата „Кирчо Димитриев“.

Екипи на штипското комунално претпријатиое „Исар“ веќе работат на реконструкцијата на водоводната линија, која чини 408.000 денари. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска беше во увид на градежните работи, истакна дека проектот се реализира по барање на жителите.

– Ова е еден од проблемите што ги нотиравме за време на предизборната кампања. Сакаме да покажеме дека суштински и темелно се зафаќаме со решавање на проблемите на граѓаните. Овде во претходниот период бил поставен слој асфалт, но барањата на граѓаните овде биле и претходно да се постави водоводна линија, бидејќи имаат проблем со застарената водоводна линија. Тоа не било направено, па денес тие имаат големи проблеми. Затоа решивме веднаш да се зафатиме со решавање на овој проблем на граѓаните коишто живеат овде, рече Бочварски.

ЈП „Исар“ – Штип деновиве работи и на изведба на фекална канализација во Стар Караорман. Бочварски забележа дека проблемот на жителите на оваа населба конечно добива свое решение. Со изведбата на фекална канализација од околу 260 метри се овозможува приклучок на околу 80 домаќинства од Горен Караорман на главната канализациска линија.

Инвестициската вредност на овој проект е околу 800.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово