Во Штип меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“

Од:

Седумдесет научни трудови од областа на политиката, правото, општествените науки и комуникологијата се презентираат на Петтата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, што се одржува во организација на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

– Новина за оваа јубилејна научна конференција е новата секција на млади истражувачи, каде имаме 15 учесници од Република Македонија. Тоа се студенти на постдипломски и докторски студии и два учесници од Република Бугарија, односно студенти на докторски студии, вели Марија Амповска член на Организациониот одбор на конференцијата.

Амповска на конференцијата ќе ги презентира и истражувањата во делот на извршителите.

– Истражувањата покажуваат дека самите корисници на услугите на извршителите не се доволно заштитени, односно институтот одговорност не е доволно правно уреден и концизно уреден за да може да кажеме дека оштетените ќе добијат навистина правичен надомест, додаде Ампевска.

На меѓународната научна конференција учествуваа и универзитетски професори од Русија, Турција, Србија, Бугарија, Косово, Хрватска, Полска и Босна и Херцеговина.

Универзитскиот професор од Правниот факултет во Ниш, Република Србија, Маја Настиќ истакна дека соработката меѓу двата факултети е одлична и тие се гости на секоја научна конференција. Темата и е „Уставната заштита на човечките права“. Прашана дали и во Србија се соочуваат со истите проблеми со реформи во правосудството, Настиќ децидна дека речиси се исти, ако не и идентични. Забележа дека во тек е изработка на уставни амндмани, меѓутоа по јавните расправи како што вели таа многу професори, теоретичари биле разочарани од она што го виделе на хартија.

– Благо речено во потполност не се исполнети очекувањата, кога е збор за остварување на независноста, непристрасноста на судската власт. Венецијанската комисија своето милсење го даде во јуни и во склад со мислењето нашето Министерството за правда вети дека ќе подготви нови предлог амнадмани, оваа есен и ние очекуваме дека сите препораки на Венецијанската комисија ќе бидат испочитувани. Што ќе биде и корисно и за сите нас, вели Настиќ.

На петтата меѓународна научна конференција универзитетските професори од девет земји ќе говорат и за миграциите, договорот меѓу Македонија и Бугарија, но и за фалшливите, односно лажни информации. Воведно излагање на конференцијата имаше Гале Галев.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски