(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Домот на млади во Штип промовира неморални и неетички вредности

Од:

Во што се претвори Дом на млади – од место во кое царуваше културно забавниот живот на младите, во место кое на младите им промовира неморални и неетички вредности, запраша Изабела Нонева Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Директорот ја обои фасадата на објектот во црна боја и ја исцрта со графити, притоа, не водејќи сметка дека пред неколку години, истиот тој објект беше финансиран со средства од Швајцарската амбасада. Ова се случи во институција која е платена од граѓаните и ова е одлука на Раководител, кој својата плата ја зема од џебот на секој од нас. Оваа негрижа на истиот се манифестира во страв кај најмладите посетители, кои овде треба да се едуцираат и неверување кај родителите кои своите деца неколку пати во неделата ги доверуваат на оваа културна институција, која треба да ги развива нивната култура и позитивно однесување, рече Нонева Николовска.

Таа ги повика директорот и градоначалникот да објаснат врз основа на која програма, акт или друг документ е направена промената на фасадата.

– Која институција има издадено одобрение за сквернавење на местото кое предизвикува носталгични спомени од младоста кај возрасните? Дали и како е направена селекција на уметниците и уметничкото решение за промена на фасадата? И за крај, кој педагог одлучи дека со цртежи кои предизвикуваат страв и ужас се влијае позитивно врз детскиот раст и развој?, запраша Нонева Николовска.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски