(ВИДЕО) Костадинов: Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од ЕУ и НАТО

Од:

„Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од двата најголеми и најзначајни светски сојузи – Европската унија и НАТО.

Целиот демократски свет ја препозна промената, ги признава и вреднува успесите постигнати на домашен и меѓународен план. Земјите на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Со поканата за влез во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, стануваме дел од глобалните сојузи кои ја гарантираат нашата стабилна иднина и со тоа ги остваруваме стратешките интереси поставени уште на денот на нашата независност“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

„Поддршката е директна, отворена недвосмислена и доаѓа лично од светските лидери. Во таа насока се и посетите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Сабастијан Курц и канцеларката на Германија, Ангела Меркел кои ќе се случат во период од само неколку денови.

Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО.

Да не дозволиме да ја пропуштиме историската шанса да ја обезбедиме иднината во ЕУ и НАТО и да го зајакнеме и заштитиме нашиот, македонски идентитет.

Поддршката од демократскиот свет е јасна и отворена, но мора и сите ние активно да се вклучиме во процесот што не води кон ЕУ и НАТО.

На 30 септември да му покажеме на светот дека сме за напредок, дека сме ЗА влез во ЕУ, дека сме ЗА влез во НАТО, и масовно, одлучно и достоинствено да заокружиме ЗА европска Македонија“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт