Секој вторник ќе се собира селектираната пластика од домовите во Лисиче

Од:

Од вчера почна да се собира селектирана пластика од околу 300 семејства во населбата Лисиче кои се вклучија во проектот „Ја собираме пластиката од дома“.

Неформални собирачи ќе ја покреваат пластиката директно од домовите на жителите од оваа населба, кои минатиот месец, преку потпишување договор, се согласија да селектираат тврда пластика и ПЕТ амбалажа.

Оваа акција има двојна цел, да се подобри управувањето со отпад во општина Аеродром и на тој начин да се заштити животната средина, како и да се развијат здрави навики кај жителите и да се овозможи економска инклузија на онаа ранлива категорија граѓани кои неорганизирано собираат пластика.

Проектот го имплементира еколошкото здружение „Гоу грин“ и ромскиот „Бизнис информативен центар“ со поддршка на Општина Аеродром и финансиска помош од Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година