СДСМ: Македонија не се брише, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите ЗА членство во ЕУ и НАТО

Од:

„Време е ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себе си и наместо да шири невистини да се вклучи во процесите ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО со зајакнат и заштитен македонски идентитет.

Иднината на Македонија и нејзините граѓани се над сите политички партии. Влезот во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет е многу поголемо прашање од дневно политичките полемики.

Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност. Не е точно ниту дека се бришат поимите Македонија и македонски. Напротив, со Договорот термините Македонец, македонската, македонски се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Тоа е вистината. Во име на вистината и во име на иднината, потребно сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ де се приклучат на процесот што ја обезбедува македонската иднина, да го повикаат своето членство масовно да излезе на референдумот ЗА влез во ЕУ и НАТО.

ЗА европска Македонија!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години