ВИДЕО: Министерот Спасовски во посета на СВР Велес и локалната самоуправа во Велес

Од:

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Велес е стабилна, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Велес и локалната самоуправа, во склоп на посетите кои се организираат континуирано.

-Имаме подобрување во многу сфери од работењето. Имаме зголемување на откривачката дејност, а сериозен предизвик е сообраќајот, на кој континуирано се работи. Со градоначалникот Аце Коцевски разговаравме за меѓусебната соработка, за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата. Многу важно за безбедноста е да има соработка, партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но денеска имаме многу заеднички иницијативи кои придонесуваат да ја обновиме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата. Упатувам апел до граѓаните на Велес да бидат партнери на полицијата. Разговаравме за прашања кои можеме заеднички да ги решиме, посебно во делот на сообраќајот и веќе детализираме и конкретни активности. Успешната соработка ќе ја продлабочуваме и во иднина- рече Спасовски.

Министерот Спасовски ги информираше медиумите и за подготовките на СВР Велес и воопшто МВР во пресрет на претстојното референдумско изјаснување на 30 септември.

-Ние сега се наоѓаме во исклучително важен, исторски период за Република Македонија пред одржувањето на референдумот и во рамките на СВР Велес се преземаат сите потребни подготовки да се овозможи мирна атмосфера се со цел граѓаните да можат самостојно да донесат одлука. Придобивките се огромни од членството во НАТО и ЕУ. НАТО ја гарантира безбедноста, но членството во НАТО е значајно и на економски план, а придобивките од ЕУ се значителни, ако имате во предвид дека сега овозможуваат по 260.000 евра на ден европски пари помош за Македонија. Самото тоа покажува какви можности се отвараат за Македонија- рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Син нападна мајка во Велес

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он