Кремљ му одговара на Трамп: Идлиб е гнездо на терористи

Од:

Кремљ денеска го отфрли предупредувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп упатено до Сирија да не почнува офанзива против бунтовниците во провинцијата Идлиб, наведувајќи дека таа област е „терористичко гнездо”.

– Да се упатуваат само предупредувања, без да се земе предвид многу опасниот, негативен потенцијал на целата ситуација во Сирија, веројатно не е комплетен и сеопфатен пристап. Присуството на екстремистите во Идлиб го поткопува сирискиот мировен процес и го прави овој регион основа за напади врз руските сили во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Песков додаде дека „ситуацијата во Идлиб оваа недела ќе биде една од главните теми на состанокот на лидерите на Русија, Иран и Турција во Техеран”.

Сириската организација за човекови права денеска објави дека руски воени авиони продолжиле со воздушни напади врз сириската бунтовничка провинција Идлиб по 22-дневен прекин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он