Кривична пријава за скопјанец кој крадел чанти и паричници од возила

Од:

Кривична пријава е поднесена против 45-годишен скопјанец кој се сомничи дека извршил две кражби со што се стекнал со противправна имотна корист од 190 илјади денари.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двете кражби ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на ограбените при што од две возила одземал чанта и паричник и со мотоцикл избегал.

Кривичните дела се извршени на 17 август годинава, во периодот од 10:50 до 11:10 часот на улица „15-ти Корпус“ во Скопје. Во првиот случај од товарно моторно возило „рено“ одзел чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6.000 денари. Второто кривично дело го извршил кога од патничко возило „мазда“ одзел паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58.000 денари.

Скопјанецот е фатен од полицијата на 30 август.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје