Велешанка не сакала да плаќа струја, па запалила трафостаница

Од:

46-годишна жена од велешко Башино село заработи кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ откако ја запалила трафостаницата во селото.

Како што соопшти полицијата, пред четири дена пријавената, незадоволна од нерешениот спор со ЕВН, во знак на револт, купила едно литро бензин и го попрскала ѕидот на трафостаницата, по што со запалка предизвикала пожар.

По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика оштетувања на трафостаницата.

Изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови, пријавената во два наврата предизвикала оштетување на јавните инсталации на ЕВН, активности за кои СВР Велес поднесе кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски