Нигериската војска соопшти денеска дека убила 17 бунтовници, за време на рацијата во два „терористички табори“ во североисточната држава Борно, база на исламистичката група Боко Харам.
Војската, со помош на борбени хеликоптери на нигериските воздушни сили, „извела две специјални операции, за да ги растури терористичките табори на Боко Харам“, се наведува во соопштение на војската.
Боко Харам, група која како што се смета, од 2009 година убила стотици луѓе, се бори за основање исламска држава на мнозинскиот муслимански север на Нигерија.