ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ, а средните училишта во голема мера беа реконструирани исто така во време додека градоначалник беше Коце Трајановски.

Поточно немаше средно училиште каде немаше направено обемен реконструкционен зафат. Кога сме кај фасадите Шилегов е градоначалникот кој промовираше фасада на средното училиште Јосип Броз Тито иако таа е завршена пред 4 години. Шилегов наместо да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност за коруптивните зделки на директорот на ЈСП и воедно за бруталните наредби на газење на скопјани со багери само затоа што протестираа против уништувањето на зеленилото на Водно.

Шилегов е најголемиот неработник меѓу градоначалниците кои заедно со титулата најбогат градоначалник на Балканот ја има титулата најкорумпиран“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче