Георгиевски: Со љубов и песна да учите за да бидете столбот и иднината на општина Гази Баба

Од:

Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба се обрати на настанот Среќно првачиња.

„Драги дечиња, кои пораснавте и созреавте да бидете првачиња,

Ви посакувам многу среќа во воспитно – образовниот процес, во новата етапа од вашиот живот, кога безгрижните игри ќе треба да ги замените со книги и учење на нови работи. Секогаш со љубов да настапувате кон науката, со песна и игра да учите и најубавиот период од вашиот живот да го посветите и да се изградите во образовани личности, за еден ден да станете витални столбови на нашето општество. Столбови кои со знаење ќе овозможат подобра иднина како за себе, така и за општина Гази Баба.

Нека вашите родители имаат незимерно трпение во почетокот и секогаш да бидат ваша поддршка, затоа што секој нов период од животот на една личност бара голема посветеност, а учителите сето свое знаење на најубав начин да ви го пренесат на сите вас.

Јас како градоначалник на општина Гази Баба, уште од првиот ден си ветив дека ќе дадам се од себе за да ги подобрам условите во училиштата и во образовниот кадар и да овозможам подобри услови за сите деца подеднакво. Затоа голем дел од проектите на кои работам и кои се планирани се од оваа област, од образованието.

Сите училишта на територијата на Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година. Целосно се чисти, средени и подготвени за новата учебна година.

Заедно со настапите на Еурека, Маша и Медо, Златните славејчиња и кловнот Лили, со нашите и ваши гости, уживајте во денешниот ден“.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати