ДОМ се вклучува во позитивната кампања на референдумот

Од:

ДОМ денеска одржа седница на Централниот одбор на која било договорено партијата да се вклучи во позитивната кампања на референдумот.

„Како што предходно беше соопштено ДОМ ја поддржа ратификацијата на договорот со Грција, а крајната одлука останува на граѓаните кои ќе се изјаснат на референдум. Затоа смета дека е важно секој граѓанин да излазе и да гласа, зашто само искажаниот став станува видлив и се брои. Ова го темелиме на убедувањето дека стратешки интерес на Република Македонија е влезот во ЕУ и НАТО, а друга алтернатива во моментов не постои.

На истата седница беше донесена и одлука за одржување на редовниот Четврти конгрес на ДОМ во декември 2018 година. За таа цел преку јавна објава во медиумите ќе бидат повикани членовите на ДОМ да се обратат до општинските организациии во своите места на живеење за да го искажат својот интерес за учество во новите органи и тела на партијата“, се вели во писменото соопштение на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух