(ВИДЕО) Спасовски: Да избереме интеграција, да не дозволиме изолација!

Од:

Како дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски беше во посета на општина Ѓорче Петров каде што се сретна со граѓаните на оваа општина.

На средбите со борците и ветераните од НОБ и здружението на пензионери во населеното место Даме Груев беа презентирани придобивките од членството во ЕУ и НАТО сојузот потенцирајќи стабилноста и безбедноста на границите.

Во Домот на култура во Ѓорче Петров беше одржана граѓанска трибина, каде што се дебатираше за историската шанса пред која стои Македонија како и за тоа што претставува влезот на Македонија во НАТО И ЕУ за граѓаните и за државата.

Спасовски нагласи дека Македонија веќе е ставена на картата на светот, со сочуван идентитет и рамноправна со сите држави.

„Членството во НАТО значи стабилност и безбедност. Значи гаранција на нашите државни граници еднаш засекогаш. Никој никогаш да не помисли, а не пак да посегне по некакви радикални идеи за размена на територии или какви било други обиди за дестабилизација. Со членството во НАТО, ќе добиеме безбедна и стабилна држава за сите нас. Да избереме интеграција. Да не дозволиме изолација. Изолација на државата би значело неизвесност и за иднината на Република Македонија и за секој од нас поединечно“, додаде потпретседателот Спасовски.

Гостин на трибината во Ѓорче Петров беше и поранешниот министер за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, кој пред присутните граѓани ги посочи придобивките од членството на НАТО И ЕУ. Безбедност, стабилност, правда и владеење на правото, борба против корупцијата, инвестиции, нови работни места се само дел од придобивките на членството во овие два сојуза. Воедно, Кундерс ја охрабри Македонија да продолжи по патот кој е поставен пред неа.

Спасовски упати повик до сите граѓани на Република Македонија да се искористи шансата што е укажана, да излезат и да го поддржат референдумот.

„Да покажеме дека денес се бориме за силна Македонија и дека го остваруваме патот на нашите претходни генерации, со цел посветла иднина на нашите деца. Да излеземе ЗА европска Македонија“, порача Спасовски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он