Димитров од Виена: Само европски Балкан е стабилен Балкан

Од:

Единственa одржлива визија за стабилен Балкан е единствена Европа. Сите работиме на реформите за демократија и владеење на правото со цел да ја споделиме идната Европа без граници. Време е за нас, за регионот и за земјите членки да го направиме исчекорот кон оваа визија, напиша македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, по завршувањето на неформаланата средба на шефовите на дипломатии на ЕУ и земјите кандидати во Виена.

На неформалната средба, министерот меѓу другото порача и дека за регионот на Балканот често пати се мисли како за периферија на Европа, а тој е токму опколен со земји членки. Затоа, порача дека во регионот се решени речиси сите отворени прашања и дека последниот пример за тоа е решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Забрзувањето и ревитализацијата на процесот на проширување има своја смисла. За Европа е подобро и поевтино да инвестира, и од регинот, со наша помош, да направи европски регион, отколку да го игнорира, што на крајот ќе биде многу поскапо, порача Димитров.

Шефот на македонската дипломатија потенцира дека земјите од Западен Балкан се цврсто решени да успеат во процесот на евроинтеграции, затоа што, нагласи, „во чекање се загуби цела една генерација“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија