Отворен нов клуб на пензионери во општина Центар

Од:

Со поддршка на општина Центар, денеска пензинерите од оваа локална самоуправа добија уште еден нов клуб што се наоѓа во непосредна близина на Владата, на булевар „Св. Климент Охридски“ бр.7.

Пензионерскиот клуб има површина од 58 метри квадратни и спаѓа под урбаната заедница „Мирче Ацев“. Клубот ќе работи од понеделник до петок, од 10 до 14 часот. Комплетно е опремен и содржи две простории со маси и столчиња и со реквизити за социјални игри – табла, шах, доминио…

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ рече дека ова е еден од 10-те клубови кои општина Центар наскоро ќе ги отвори, во координација со Здружението на пензионери на општина Центар.

– Во работа се пуштени уште два други клуба на територија на општина Центар, на улицата „Водњанска“ од 46 метри квадратни и на улицата „Пролет“, во близина на Веро центарот, со површина од 30 метри квадратни, изјави Тодоровиќ и додаде дека се подготвени и договори за уште седум нови клубови.

Павле Спасов, претседател на Здружението на пензионери на општина Центар рече дека во моментов имаат над 12.700 членови и додаде оти наредната година ќе слават 60 години од постењето на ова Здружение. Пензионерите од општина Центар се поделени во девет ограноци.

Спасов истакна дека се задоволни од отворањето пензионерски клубови во Центар.

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Тодоровиќ рече дека нема да гради хотел во Србија.

– Точно е дека сум имал понуда за купување зграда во центарот на Белград, која би имала намена на хотел. Таа понуда од моја страна е одбиена, појасни Тодаровиќ и додаде оти не се сели во Белград.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата