Општина Струмица ќе гради фекална канализациска мрежа во три села

Од:

Општина Струмица ја заврши постапката и потпиша договор за изградба на фекална канализациска мрежа во населените места Дабиље и Просениково во износ од 38 милиони денари.

Средствата во најголем дел се обезбедени од Европската инвестициска банка и Министерството за транспорт и врски и помал дел од општина Струмица.

На последната седница на Советот на општината советниците донесоа одлука за изградба на канализациска мрежа и во селото Вељуса, а за населените места Баница и Банско во тек е апликација за одобрување средства за изградба на фекална канализациска мрежа за која веќе има комплетна документација и одобренија за градење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите